На 6 декември годинава со почеток од 19 часот во Домот на културата Иван Мазво Климе ќе се одржи традиционалниот квиз натпревар од областа на сообраќајот за основните училишта утврди денеска на редовна седница Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Кавадарци.
Правилата и годинава остануваат исти. Право на учество имаат сите основни училишта кој навремено и уредно ќе го достават списокот со својата група учесници на квизот. Групата и овој пат ќе ја сочинуваат тројца ученици од мешан состав што значи момчиња и девојчиња натпреварувачи. Познавањата од областа на сообраќајот ќе ги покажат преку одговарање на прашања во неколку фази, а финалето ќе го донесе победникот. Награди ќе има за најуспешните три екипи, трето, второ и прво место.
На денешната седница општинскиот совет за безбедност ги утврди и комисиите, во кој едногласно беа избрани и членовите. И годинава целиот настан ќе се организира под менторство на комисијата за прашања, организационен, дел, жири комисија и комисија за награди. Генерален покровител на настанот и овој пат останува Локалната самоуправа на чело со градоначалникот. Од денес па до 6 ти декември она што останува како задача е основните училишта и главно наставниците по техничко образование добро да ја изберат својата екипа која пак исто така добро ќе ја обучат за да забележи резултати на традиционалниот квиз натпревар. И годинава останува задолжително присуството на учениците во публика кој секако се најголемата подршка за своите соученици.
М.М

Додади коментар