Уништено возило на поранешен претседател на велешкиот суд

Повторно е уништен автомобилот на пензионираниот велешки судија и екс претседател, Јордан Лазаров.. Доцна синоќа возилото „форд фиеста“ е полиено со солна киселина а исечени се и четирите гуми.. Автомобилот бил паркиран кај главниот градски пазар.. Случајот во полицијата го пријавил синот на лазаров кој синоќа после 20 часот го паркирал возилото на оваа локација.. Од СВР Велес велат дека е направен увид и се трага по сторителот кој ја истурил киселината и ги пресекол гумите..

Лазаров денеска не сакаше да го коментира случајот.. Во телефонски разговор само изјави дека по трет пат е уништен неговиот автомобил и очекува конечно да се пронајде сторителот..

Во април минатата година беше подметнат пожар во автомобилот на лазаров, а во февруари годинава беа исечени гумите..

Инаку лазаров не е единствениот велешки судија чиј автомобил е мета на непознат сторител.. Кон крајот на минатата година беше опожарен автомобилот на Шефкет Адеми.. Во јанури изгоре и возилото на Габриела Гајдова.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар