Угостителските локали да работат до 2 часот по полноќ во нив да се пуши по 21 часот, а училишниот распуст да трае од 15 јуни до 15 септември.
Ваква предлог мерка до Владата доставиле претставиците на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на Стопански комори во рамките на традиционалниот заеднички појадок со претставниците на економскиот тим на Владата и премиерот Никола Груевски.
Угостителите ваквиот предлог го доставиле за како што велат, да се подобри туристичката понуда во Македонија, да се продолжи времетраењето на туристичката сезона и да се зголемат приходите од туризмот.
Тие предлагаат во кафеаните да се пуши по 21 часот а во тој период да не се служи храна и влезот за малолетниците да биде забранет.
Додади коментар