Рано изутринава уапсен е 43 годишниот Б.С. од село Бегниште Кавадарци.Во поголема организирана акција кавадаречката Полиција успеала следејќи го неколку дена да го уаспи Б.С. во близина на Полошкиот Манастир.
Околу три часа неколку униформирани полициски службеници се обидувале да стигнат до него, а по приведувањето Б.С. е спроведен до КПД Идризово.Приведеното лице на кавадаречката Полиција и е познато како извршител на кривични дела тешки кражби, а информацијата за ктв ја потврдува и потпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.Постапено е по Наредбa од Основен суд Кочани за лишување од слобода на лице заради издржување казна затвор.
При тоа, лишено е од слобода лицето Б.С. (43) од село Бегниште-Кавадарци заради издржување казна затвор во траење од една година и три месеца за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и истиот ќе биде спроведен во КПУ Идризово, потврдува Стојковска.Од кавадаречката Полиција потврдуваат дека Б.С. е познат по кражби низ викенд куќите и најавуваат дека ваквите акции ќе бидат се почести.
M.M
Додади коментар