Тројца добитници на наградата „7ми септември“
22-08-2024 РЕГИОН
Советот на општина Кавадарци во рамки на денешната 45-та седница ги утврди годинашните добитници на наградата „7 ми септември“ која се доделува по повод денот на ослободувањето на Кавадарци.
Локален музеј галерија ја добива седмосептемвриската награда за особен придонес во културата и културното наследство, Мики Виденовиќ во областа на новинарството и Љубица Мешкова-Солак за особен придонес во уметноста и културата.
Наградата ќе биде доделена на свечена седница на советот.
А.Д
Додади коментар