Три медали за борачки клуб „Неготино“
27-11-2014 СПОРТ

Пионерите на БК „ Неготино “ константно нижат успеси. На меморијален турнир „ Андонов-Колев“  кој се одржа во ОО „ Никола Карев “ во Кочани, БК „ Неготино“ освои 3 медали, 2 сребрени и еден бронзен медал.

Екипата на БК „ Неготино “ предводена од тренерот Јане Мелов ја сочинуваа: Христијан Петров кој се бореше во категорија до 47 кг. и го освои 4 место, Андон Марковски во категорија до 53 кг. освоено 2 место, Иле Буровски категорија до 65 кг. освоено 3 место и Јане Буровски категорија до 65 кг. 2 место.

Меморијалниот турнир „ Андонов - Колев “ се одржува по 18 пат, а беше во организација на БК „ Спартак “ од Кочани. Покрај БК „ Неготино “ на турнирот учество земаа и домаќинот БК „ Спартак “ од Кочани, БК „ Балканец “ од Штип, БК „ Лирија “ од Скопје, БК „ 7 Мај Леов “ од Прилеп и борачите од Неготино.

Инаку, борачите на овој меморијален турнир се бореа во 5 категории и тоа: категорија до 42 кг., категорија до 47, 53,59,65 кг. од кои борачите на Неготино освоија 3 медали.

Како што најавуваат од БК „ Неготино “ продолжуваат со истото темпо, со учество на многу турнири во периодот што следува и освојување на медали.

М.А

 



Share

Додади коментар