Државата ќе ја подобрува бизнис климата во земјава за што на домашните комапнии ќе им обезбеди странска помош од експерти. Тие ќе им помагаат на компаниите во згоелмувањето на нивната продуктивност, ефикасност со единствена цел, зголемување на нивните приходи.
-Денес е објавен јавен повик на кој ќе може да аплицираат сите компании кои ценат дека со ангажман на странски експерти ќе го подобрат процесот на нивното работење. Огласот ќе трае 45 дена и на него може да аплицираат компании од сите дејности, изјави владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
Тој апелираше до компаниите за поголемо користење на ваква странска помош, бидејќи, како што рече тој, со користење на странски експерти во голема мера ќе се подобри работењето на компаниите. За да добијат помош со ангажман на странски експерти компаниите што ќе аплицираат треба да имаат два последователни финансиски извештаи, односно да работат најмалку две години и да имаат повеќе од пет вработени.
Компаниите од приватниот сектор ќе може да аплицираат за користење стручна помош од странски експерти од различни области: земјоделство, прехранбена индустрија, туризам, градежништво, текстилна индустрија, информатички технологии, финансии...
Трошоците за ангажирање на вакви експерти во најголем број случаи Владата ќе ги покрие целосно, а во одредени случаи дел од трошоците ќе сносат и самите компании.
Додади коментар