Спречени повеќе обиди за криумчарење разна стока: цигари, облека, моторни возила и друго
 Свечени фустани, цигари, облека, четирицикли, моторцикли и скутери се дел од минатонеделната заплена на царинските службеници од повеќе гранични премини.
 
 
114 штеки цигари без акцизни маркички од марката Karelia и 5 штеки цигари со бугарски акцизни маркички од марката Sobranie, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон.
 
 
52 свечени фустани, откриени при контрола на косовски автомобил управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Фустаните биле сместени во 3 вреќи зад задните седишта и 2 кеси под совозачкото седиште.
 
 
350 маици со кратки ракави, откриени од страна на мобилните царински тимови со скенер, при контрола на косовски автомобил, управуван од турски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце.
 
 
патничко возило марка Ford Fiesta 1.4 TD со словачки регистарски таблички, со кое македонски државјанин без регулиран престој во странство, се пријавил за влез во државата на граничниот премин Јажинце.
 
 
9 употребувани моторни возила (четирицикли, моторцикли и скутери), 4 електрични инвалидски колички, 42 употребувани звучници, 21 употребувани гуми, 1 употребуван фрижидер, 1 употребувана надворешна единица за климатизер, 35 употребувани метални држачи и 1 гумен базен, со вкупна вредност од околу 2,3 милиони денари, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Швајцарија пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.
 
 
Подетално на следниот линк: https://customs.gov.mk/ns-newsarticle-vo-izminatata...
 
 
 
 
 
 
 


Share

Додади коментар