Пет лица се повредени во сообраќајната незгода помеѓу моторцикл марка „Јамаха“ и патнички автомобил марка „Мазда 3“. Како што информираат од полицијата, незгодата се случила на ул. „Маршал Тито“ во Градско.
Моторциклот го управувал дваесет годишниот П.С од Дреново, а автомобилот четериесет годишниот О.А.
„ По незгодата на лекарски преглед во Приватна здравствена установа во Градско се јавиле сите учесници каде се констатирани повреди кај возачот на моторциклот и неговиот сопатник С.П.(30), додека возачот на автомобилот и неговите сопатници Г.С.(69) и А.С.(35) по укажаната медицинска помош се упатени на болничко лекување“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.
А.Д
Додади коментар