Се преврте трактор, загина возачот

Шеесет и осум годишниот Борис М. од селото Манастирец, загина вчера попладне во сообраќајна несреќа со трактор.

Несреќата се случила во 18 часот и 10 минути, на местото викано Среден рид. Борис го управувал тракторот, кој се превртел, а тој загинал на лице место.

- Увидна полициска екипа е замината на местото на несреќата. Таа ќе треба да ги утврди причините - рече портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров.



Share

Додади коментар