На петмина млади кавадарчани им се случила сообраќајка кога се враќале од матурското славје на своја пријателка неготинчанка, утрово околу 2.30 часот. Сообраќајката се случила на патот Неготино-Кавадарци кај месноста “Маренски уши”.
Сообраќајката ја потврдија од кавадаречката полиција.
-Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила од кои едното кавадаречко а другото неготинско. До незгодата дошло поради неприлагодена брзина според условите на патот и возење под дејство на алкохол на еден од возачите. Притоа три лица се здобиле со лесни телесни повреди-рекоа денес од полицијата.
Неофицијално дознаваме дека младите биле исплашени од настанот. Трите момчиња имале огреботинки додека двете девојчиња имале знаци на акутен стрес. Едната девојка се пожалила на вртење во главата.
С.Д
Додади коментар