Во текот на изминатите два месеци сведоци сме на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како го крева патриотскиот занес и без срам се фали со „проекти и инвестиции“ кои Владата на СДСМ ги започна и реализира. Срамно е да се живее од туѓи успеси и со празни зборови да се кријат сопствените неуспеси. Последната инвестиција на германската BMZ е последната од низа инвестции целосно сработени од СДСМ кои Мицкоски се обиде да ги прикаже како свои, па откако јавноста реагираше, тој конечно мораше да признае дека инвестцијата е донесена во времето на СДСМ, а потпишана од тогашниот Вицепремиер Фатмир Битиќи.
Она што СДСМ го остави зад себе, тие сега го користат како параван за да го прикријат својот недостиг од визија, неспособност за водење и неможност да обезбедат каков било вистински напредок. Претходно Мицкоски се пофатли и фрли неколку лопати на проекти исто така целосно реализирани од СДСМ како: инвестицијата на компанијата „EPSOTECH, новата инвестиција на компанијата „Вабтек“, најавената инвестиција на „Алказар енерџи“...
Наместо да работат на нови проекти и вистински промени, тие се занимаваат со рециклирање и лажен ПР со нашиот труд. Јасно е дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема идеи, нема план, нема визија. Ако не можат да создадат нешто свое, барем нека имаат доблест да признаат чиј труд го присвојуваат. Но, нивниот менталитет е таков – без трошка доблест, без трошка одговорност. Секој ден сведочиме на нова прес-конференција, нови пофалби за туѓи успеси, и, за жал, сè помалку работа во интерес на граѓаните.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со евтините пропагандни манипулации и да се фокусира на она што е навистина важно – решавање на реалните проблеми на граѓаните. Народот бара решенија, а не празни зборови и украдени заслуги - стои во реакцијата од СДСМ.
Додади коментар