Општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска на прес конференција информира дека сите предлози кои во изминатиот период ги добиле од кавадарчани за подобри услови за живот се дел од програмата на партијата за претстојните избори.
„ОО на СДСМ Кавадарци со месеци, заедно со граѓаните, во рамки на проектот `Визијата за Македонија` ја пишуваше новата програма на СДСМ. Секој од вас, којшто имаше предлог и го достави е дел од новата програма на СДСМ усвоена на програмскиот конгрес на партијата што се одржа на 13-ти овој месец. Заедно со вас ќе ја изградиме визијата за просперитетна и стабилна Македонија. Визија која што се базира на развој на домашните капацитети и европска иднина на Македонија. Македонија која што им припаѓа на граѓаните, а не на партијата на власт. Македонија во која сите граѓани ќе живеат достоинствено“ рече портпаролот на ОО на СДСМ Кавадарци, Сашко Петров.
Тој нагласи дека на наредната седница на советот на општина Кавадарци, на која ќе се дискутира за буџетот на општината за2016 година нивната советничка група ќе предложела голем дел од предлозите на граѓаните за подобрување на катастрофалните услови во кои што се живеело. Советничката група предлозите и идеите на граѓаните ќе ги поднесе во вид на амандмани.
„На кавадарчани им треба градоначалник и локална самоуправа која ќе им служи на граѓаните а не на фамилијата на власт и нејзиното богатење. Градоначалник кој ќе ги решава проблемите на граѓаните и ќе ги слуша нивните потреби. Затоа ве повикувам, сите заедно, од почеток да ги поставиме темелите на новото Кавадарци“ додаде Петров.
А.Д
Додади коментар