Општинската организација на СДСМ Кавадарци денеска на прес конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ вршел притисок врз жените вработени во општинската администрација и другите државни институции да присуствувале на годишното собрание што утре Унијата на жени ќе го одржувала во Скопје.
(интегрален текст од прес конференцијата на претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев)
Никола Груевски ја нема подршката од граѓаните на Кавадарци, ја нема подршката ниту од младите, ниту од жените. Тоа го знае и самиот Груевски.
Загубената доверба помеѓу граѓаните Никола Груевски сака да ја прикрие со партиски декрети со кои што хистерично бара 14 автобуси да бидат наполнети за присуство на годишното собрание на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во недела, во Скопје.
Се прават списоци со вработени жени од кои што се бара по секоја цена да ги полнат автобусите на Никола Груевски.
Очигледно Никола Груевски жените од Кавадарци ги смета само за бројка, која што треба да го покрива неговиот страв од соочување со граѓаните на слободни, фер и демократски избори и соочување со одговорноста за криминалот и корупцијата.
Ова е потценувачко и навредувачко за нашите сограѓанки, за секоја жена.
Методите блиски до фашистичката филозофија, ја девалвира положбата и статусот на жената во Кавадарци.
Во нормални општества, не се вршат притисоци врз жените да присуствуваат на партиски настани, на кои што не сакаат да присуствуваат.
Во демократски општества жените се оставени слободно да носат одлуки, а не нивно име друг да им наложува што да прават.
Јавно апелираме сите наши сограѓанки да ги пријават притисоците. За овие злоупотреби на државните институции следува одговорност. Почитувани граѓани, драги сограѓанки, времето на Никола Груевски заврши.
Додади коментар