Реставриран и конзервиран дел од мозаикот во Базиликата во „Стоби“
15-08-2014 КУЛТУРА

Дел од мозаикот што го красел подот на централниот брод на Старата епископска базилика во археолошкиот локалитет „Стоби“ е реставриран и конзервиран. Археолозите вредно работеле на него изминативе неколку месеци и засега се конзервирани само 180 м2 од неговата површина. Во септемри годинава тој ќе биде вратен на автентичното место.

Посетителите ќе имаат можност да се воодушевуваат на овој атрактивен и репрезентативен мозаик ,со вкупна површина од 300 метри квадратни. Археолозите и конзерваторите се надеваат дека в година Конзерваторскиот центар ќе издвои сретства за заштита и на преостанатите 120 м2 од мозаикот што го краси подот на Базиликата еден од најстарите ранохристијански објекти во државата, од доцниот 4 век.

Освен мозаикот на археолошкиот локалитет во следните неколку месеци ќе се вршат истражувања и реконструкција на Театарот, еден од најдобро сочуваните јавни објекти во Македонија изграден во 2 век од н. е. Се очекува до следната година целосно да бидат реконструирани мермерните седишта на источната половина. Денеска во посета на локалитетот беше министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Според министерката за култура Елизабета Канческа Милевска,  овој локалитет има огромен арехеолошки, културен и туристички потенцијал што  треба да се искористи.

Овој потенцијал државата мора да го искористи и министерството за култура секоја година од буџетот ќе издвојува средства за истражување на локалитетот бидејки тој е на огромна површина и согласно капацитетите на државата за конзервирање и реставрирање ќе се издвојуваат средства се со цел за едно две до три години Театарот да го видиме целосно реконструиран. Има камени делови кој ќе треба да се вратат во делот на гледалиштето и во делот на сцената кои се ставени на страна се со цел Театарот да си го добие својот некогашен сјај,“ рече Канческа Милевска.



Share

Додади коментар