Проект вреден 55.000 евра доби СОЗШУ „Ѓорче Петров“

По успешната соработка со Словенија и одличните резултати од реализацијата на проектот Биоенергија искористување на био маса за СОЗШУ Ѓорче Петров Кавадарци сега следен е предизвикот на тема рурален развој.За таа намена 55.000 евра тежи проектот кој од Ирска го доби ова кавадаречко средно училиште што има за задача грандот да го користи заедно со своето партнер училиште на обуката во Ирска, а на тема рурален развој.

 

Училиштето веќе се подготвува за апликациите на учениците, а денеска убавото време го искористи за последниот дел од претходниот проект биоенергија што всушност го адаптираше во дисеминација која би им послужила на оние ученици кои би аплицирале за да следат обука во Ирска. Младите шумски техничари повеќе од вешто соборија стебло, дефинираа жива ограда и беа дел од теоретското предавање.За целиот настан во изјава за ктв зборува професорот Горан Зимовски кој беше дел од наставниот кадар задолжен за средношколците кои беа во Словенија.

 

За Ирска училишниот просек не е пресуден.Важно за оваа земја и обуката за рурален развој се дисциплината, редовноста, поведението, ажурноста и вештината на учениците.Нивните креативни размислувања и иде за Ирска се најсилниот адут во апликацијата.Од СОЗШУ Ѓорче Петров информираат дека право на апликација имаат сите ученици од 1 до 4 година.Избраните ќе имаат за цел по обуката во Ирска да го пренесат стекнатото на домашен терен и да придонесат стручно во напредокот на  руралниот развој.Освен за Ирска ова кавадаречко училиште се подготвува и за Словенија на која домачин ќе и биде во мај месец следната година.



Share

Додади коментар