Приведени сиријски државјани кај Демир Капија
05-11-2014 ЦРНА ХРОНИКА
На автопатот Скопје-Гевгелија кај Демир Капија полицијата приведе шест сиријски државјани и еден македонец кој им помагал на мигрантите. Полициски службеници околу 21 часот седумте лица ги затекнале во автомобил „мерцедес“ со скопска регистртација, управуван од 36 годишен жител на селото Гошинце, општина Липково.
Македонскиот државјанин и сиријците биле задржани на распит во полициска станица Неготино, од каде мигрантите ќе бидат пренесени во прифатниот ценатар, а против македонскиот државјанин кој им помагал на сиријците ќе биде поднесена кривичнапријава за криучарење на мигранти, информираа од МВР.
А.Д
Додади коментар