Приведена кавадарчанка, расчистено свирепо убиство, одреден притвор 30 дена
29-09-2022 ЦРНА ХРОНИКА

Имено, на 06.09.2022 осомничената била во домот на И.М.(70) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му нанела повреди на И.М., а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото - информираат од МВР.
По преземени мерки и активности по наредба од Основен суд Кавадарци извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост.
Од ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци против М.Б. е поднесена кривична пријава, а од страна на судија од Основен суд Кавадарци одредена ѝ е мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Основен суд Кавадарци известува дека денес 29.09.2022 година од страна на судија на претходна постапка е определена мерката притвор спрема осомничената М.Б од Кавадарци за кривични дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 вв ст.1 од КЗ, а во врска со кривично правниот настан кој се случи на 06.09.2022 година во Кавдарци, во кој беше лишен од живот лицето Илија Милошевски со повеќе убоди со нож по целото тело, а потоа и запален - информираат од Основен суд Кавадарци.

Додади коментар