Советникот во каваречкиот совет Сашко Петров на прес конференција говореше за јавниот повик за собирање апликации за подршка на спортските клубови во општината со средства од буџетот.
(интегрален текст од прес конференцијата)
Секоја година општина Кавадарци распишува јавен повик за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на општина Кавадарци за 2016 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци.
Апликациите со целосната документација по овој јавен повик требаше да бидат доставени најдоцна до 25.11.2015 година. Комисијата за спорт, составена од советници на Советот на општина Кавадарци, сеуште не е свикана и покрај испочитуваниот рок од срана на спортските клубови. ВО меѓувреме, целосната документација исчезнува од општина Кавадарци и од спортските клубови, па случајно или не постапката се повторува, без претходно да биде распишан нов јавен повик.
Ова само ја покажува несериозноста, непрофесионалноста, недомаќинското работење на луѓето кои што се плаќаат од џебот на граѓаните на општина Кавадарци.
Градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Панов има обврска пред граѓаните да одговори кои се причините за исчезнувањето на целата документација и кој ќе ја понесе одговорноста?
Советниците на СДСМ на последната седница успеаја да се заложат да се отвори нов јавен оглас, нова правична и транспарентна распределба на утврдените 1.300.000 денари според утврдената методологија за финансирање на спортските клубови.
Во таа насока ги повикуваме сите спортски клубови регистрирани на територијата на општина Кавадарци да учествуваат во поднесувањето на апликациитењ за распределба на финансиски средства за помош и развој на спортот.
Додади коментар