На 27 април избираме Претседател, но избираме и нов состав на Собранието на Република Македонија, нова извршна власт. 27 април е денот кога сите ние како граѓани ќе го имаме најмоќното орудие за да одлучиме за иднината на нашата земја- а тоа е гласачкото ливче.
Нема сила, нема институција, нема механизам кој смее да го узурпира вашето право на глас.
Почитувани сограѓани,
Во изминатите 8 години власт, ВМРО-ДПМНЕ за едни беше мајка за други маќеа. По изминати 8 години власт на ВМРО-ДПМНЕ секој граѓанин на Република Македонија очекува промени, подобра иднина и нов почеток.
Превземаме обврска пред Вас и ветуваме дека ќе ги решаваме проблемите кои се создадени од неразумната политика на актуелната власт.
Почитувани сограѓани,
По превземањето на власта, после 27 април ќе се залагам и јас и новата влада на СДСМ , грозјето редовно да се плаќа, социјалната помош ќе ја зголемиме за 40%, ќе го укинеме екстерното тестирање а ќе воведиме и ефтина викенд тарифа која ќе биде посебно потребна за социјално ранливите категории на граѓани и заштита од енергетска сиромаштија.
Бидејќи до изборниот молк има време а кампањата е се уште во тек, упатувам покана до кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ и Ве повикувам на телевизиска дебата. Народот има право да ги слушне кандидатите, програмата и ставовите за прашањата кои се најважни за Кавадарци. Охрабрете се и прифатете телевизиско соочување.
Наша обврска е да дадеме придонес во зајакнување на демократскиот процес токму преку дебата и разговор за програмските определби на партиите .
Почитувани граѓани, Ве повикувам масовно да гласаме на 27 април за реден број 1, за носителот на листа за пратеници Хари Локвенец и за кандидатот за Претседател Стево Пендаровски со реден број 3!
(интегрален текст од прес конференцијата на Бетиане Китев)
Додади коментар