Започна психолошкото тестирање на наставниците приправници кои планираат и во иднина да работат со деца.Психолошкото тестирање е законска обврска, согласно Законот за основно и средно образование кој сега стапува на сила.
Со психолошкото тестирање, планирано е да бидат опфатени сите наставници кои предаваат и треба да полагаат приправнички испит. Психолошкиот тест е услов за да се полага приправничкиот испит.Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денес ги појасни дилемите околу психолошкото тестирање.
Ова е воведено и според мене е исклучително значајна реформа бидејќи работата со учениците е многу важна и лицата кои работат со децата треба да бидат лица кои имаат соодветен квалитетен психолошки профил, лица кои треба да работат со ученици и треба да ги градат нив во вистински личности, смета Ристовски.
Тој очекува постоењето на овој тест да го зголеми квалитетот во оценката на тоа кои личности можат да работат со деца, а кои не можат.Лицата кои нема да го положат психолошкиот тест, нема да можат да продолжат со приправничкиот стаж, односно ќе им прекине работниот ангажман.
Додади коментар