Почина пет месечно бебе во Кавадарци
10-11-2013 ЦРНА ХРОНИКА
Бебе на возраст од пет месеци утринава во 6.30 часот е примено на детското одделение во кавадаречката болница без знаци на живот.
Од болницата околу 7 часот ја известиле полицијата, по што пристигнала увидна полициска екипа и истражен судија.
Со цел да се утврдат причините за смртта на бебето истражниот судија наредил обдукција по што телото на бебето е испратено на Институтот за судска медицина.
Дознаваме дека бебето било од ромско семејство, а полицијата повеќе детали ќе изнесе најверојатно утре по завршувањето на обдукцијата.
A.Д
Додади коментар