Поништени сите одлуки на општинските совети донесени по 24 март годинава
16-05-2017 РЕГИОН
Денеска со соопштение до јавноста се огласи Државниот инспекторат за локална самоуправа од каде нагласуваат дека мандатите на советниците во општинските совети согласно законот за локална самоуправа се истечени на 24 март 2017 година.
Поради тоа, оваа институција информира дека сите одлуки кои советите на општините ги донеле по наведениот датум се поништени од инспекторатот и се ставен вон сила.
„Никаква евентуална законска измена од Собранието нема ретроактивно дејство“ велат од Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Додади коментар