Полицијата расветли кражби и разбојништва

Во изминатата недела ПС од ОН Кавадарци по претходни дојави реагираше на неколку случаи и разветли разбојништва и кражби. Сеште велат надлежните  мета се огревното дрво и лозовите колци, но се случуваат и физичките напади и закани кои завршуваат со одземање на пари.Имено на ден 18.01.2015 година околу 21.40 часот на ул.Видео Смилевски Бато во Кавадарци , две непознати лица извршиле разболништво над три лица од Кавадарци на возраст од 18-19 години на тој начин што, едниот од сторителите со закана со нож а другиот со вербални закани одзеле од оштетените околу 1300 денари, по што се дале во бегство. Од страна на полициски службеници од ПС Кавадарци превземени се мерки за расветлување, при што пронајдени се двете осомничени лица и во тек е документирање на кривична пријава која ќе биде проследена до надлежното обвинителство.

 

 Во текот на месец Јануари во два наврата, односно на 18 и 19 Јануари, при редовни контроли од страна на полициски службеници одкавадаречката Полиција затекнати се две лица од Кавадарци како бесправно пренесуваат дрва. Едниот случај е регистриран на 19.01.2015година во 12,30час. кога при контрола во м.в. „ Краиште“ во Кавадарци затекнато е лице од Кавадарци со 0.5 метри просторни багремови дрва, кои со Потврда за одземени предмети се одземени, а против сторителот е поднесен соодветен поднесок. Вториот случај е регистриран на 18.01.2015 година во 23.00 час. кога од страна на полициски службеници при редовна контрола од лице од село Марена одземени се дрвени колци од лозје исечени на половина од околу еден метар кубен. Предметите со потврда се одземени и против сторителот е поднесен соодветен поднесок. Од кавадаречката полиција нагласуваат дека на терен се работи интензивно.Пропусти нема, а оние кои работат спротивно на законот ќе бидат казнети.

 

Инаку разбојништво е извршено и над сириски државјани, а официјалната инфомација вели дека во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, непознати сторители извршиле разбојништво над четири сириски државјани кои се движеле пеш по регионалниот пат Р-1102 Градско-Велес. Сторителите со закана со пиштол и физички напад одзеле од оштетените патни исправи, пари и алишта, по што со две возила се оддалечиле во непознат правец. Со наведеното, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 150 000 денари. Се презвемаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на настанот. Овие настани за ктв ги потврдува потпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

Милица Младенова



Share

Додади коментар