До темел изгоре куќата на Велешкото семејство давчевски.. Пожарот кој избувнал од покривот целосно го уништи домот на велибор, ленче и нивните четири ќерки.. Трагедијата се случи во саботата претпладне.. Брзата реакција на соседите спречиле поголема трагедија.. Четирите деца на велибор и ленче дома биле сами.
Давчевски молат за помош. Огнот проголтал се што имаат..
Локалната и централната власт ветија помош за семејството.. министерстово за Труд и социјала ќе исплати 30 илјади денари а ќе обезбеди мебел и бела техника преку проектот топол дом.. финансиска помош ќе следува и општината.. освен советот, пари ќе донира и градоначалникот. Јавното комунално претпријатие дервен ќе работи на расчистување на опожарениот дом..
Во акцијата за помош на семејстовот давчевски ќе се вклучи и вардарскиот плански регион.. ќе побара и фирмите да учествуваат во поправката на куќата и обезбедување на услови за живот во семејството давчевски.
З.Ј

Додади коментар