Повреден работник во „Македонски шуми“ - подружница „Бор“
26-02-2019 ЦРНА ХРОНИКА
Вчера во 14.05 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со повреди бил донесен Ѓ.С.(56) од Кавадарци, вработен во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ - подружница „Бор“- Кавадарци.
По укажаната помош, тој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Според пријавата, Ѓ.С. се здобил со повреди додека извршувал работни задачи истиот ден околу 11 часот на место викано „Голем Љубаш“.
Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот - информираат од полицијата.
Додади коментар