Повреден мотоциклист кај Демир Капија

 

Триесет и четири годишниот В.Б од Демир Капија вчера се здобил со тешки телесни повреди откако со мотоцикл марка „Орион“ удрил во паркирано товарно возило.

 

Од полицијата информираа дека незгодата се случила вчера околу 14.30 часот.        

                  

„Мотоциклистот удрил во паркирано товарно возило марка „ДАФ“ со демиркаписки регистарски броеви. Во незгодата е повреден возачот на моторциклот кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Неготино каде по укажаната медицинска помош заради карактерот на повредите е пренесен на лекување во Ургентен центар – Скопје“ информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

На местото на незгодата увид извршила неготинската полиција.

 

А.Д

           



Share

Додади коментар