ХЕМИСКОТО УЧИЛИШТЕ ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА ИДНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ.. ДЕНЕСКА ПРЕД ОСМООДЕЛЕНЦИТЕ ГИ ПРЕТСТАВИ ОБРАЗОВНИТЕ НАСОКИ.. УЧИЛИШТЕТО НУДИ НАСТАВА ВО ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА, ЛИЧНИ УСЛУГИ И ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА СТРУКА.. ОБРАЗОВНИТЕ ПРОФИЛИ ГИ ПРЕЗЕНТИРАА УЧЕНИЦИТЕ..
МЕДИЦИНСКА СЕСТРА, ФАРМАЦЕФТСКИ ТЕХНИЧАР, ФИЗИОТЕРАПЕВТ, МЕСАР – ОВА СЕ ДЕЛ ОД НАСОКИТЕ КОИ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ВО СРЕДНОТО ХЕМИСКО УЧИЛИШТЕ.. ОСВЕН ТЕОРЕТСКА, СЕ СПРОВЕДУВА И ПРАКТИЧНА НАСТАВА.. ТАА СЕ ИЗВЕДУВА ВО СОПСТВЕНИТЕ ЛАБОРАТОРИИ НО И НАДВОР ОД УЧИЛИШТЕТО..
НА ОТВОРЕНИОТ ДЕН, ПРИСУСТВУВАА УЧЕНИЦИ ОД СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО ГРАДОТ.. ГИ РАЗГЛЕДУВАА ЛАБОРАТОРИИТЕ, А УЧЕНИЦИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ ОД ХЕМИСКОТО ГИ ЗАПОЗНАВАА СО МАТЕРИЈАЛОТ КОЈ СЕ ИЗУЧУВА ВО УЧИЛИШТЕТО..
СПОРЕД КОНКУРСОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ХЕМИСКОТО ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ ИДНАТА ШКОЛСКА ГОДИНА ПЛАНИРА ДА ФОРМИРА СЕДУМ ПАРАЛЕЛКИ.. ОВДЕ СЕ НУДАТ 240 СЛОБОДНИ МЕСТА.
З.Ј
Додади коментар