Денеска на свечена седница ООУ Тошо Велков Пепето одбележа 29 години постоење и 69 години од смртта на својот патрон. Свечената седница се одржа во училишниот двор, а настанот се искористи и за свечено поставување на зеленото еко знаме со кое училиштето прерасна во еко образовна институција.
Во рамки на еколошката мисија на училиштето пред присутните беше промовирана и еко химната целосно авторско дело на ученичката Тијана Димова. Постоиме за нашите ученици, за нивните успеси и за мисијата да сме секогаш дел од успешните кога е во прашање модерното образование рече пред присутните првата дама на училиштето директорката Јованка Шкартова.
Благодарна што како директор покрај себе ги има најуспешните ученици Шкартова до себе ги повика членовите на училишната кошаркарска екипа која на државно ниво го освои второто место заостанувајќи пред прваците со само еден бод и им додели благодарници, медали и пехарот кој го понесе капитенот, благодарници добија и светските прваци во шотоген карате дисциплината.
На денешната прослава традиционално училиштето го прогласи и ученикот на генерацијата, а оваа титула годинава со едногласна одлука на наставниот кадар му беше доделена на Васил Митревски ученик во 8 три одделение. За својот успех Митревски доби признание и рачен часовник. Во објавениот литературен конкурс распишан по повод патрониот празник првото место и беше доделено на Бранкица Димова од 7 одделение, второто на Миле Пеливанов од 6 одделение и третото на Снежана Богева од 8 одделение. Во ликовниот конкурс најдобри беа прво наградениот Тодор Крстев од 8 одделение, второ наградената Жанета Тренчева исто така од 8 одделение и трета награда за Александра Кадрова од 7 одделение.Синдикалната организација на училиштето ги додели јубилејните признанија за вработените. Признание добија од годинава пензионираните Дежда Кимова, Костадинка Златева, Неда Никова и Марика Окардова.
За 30 години работа јубилејни награди добија Васка Стојанова и Спасија Петрова, за 20 Наташа Тодорова и за 10 години работен стаж Тимка Стојанова, Душанка Крстева, Диме Мукаетов, Даниела Колева и Александра Гаиќ. Синдикалната организација честитки за 20 години работа упати и за директорката Јованка Шкартова но како што низ шала рече без плико поради службената должност која не и дозволува на директорката членство во синдикатот. Свеченоста организирана денес во ООУ Тошо Велков Пепето заврши со богата културно уметничка програма.
Додади коментар