Од петок старт на „Кавадаречка културна есен“
13-10-2015 КУЛТУРА

Во петок 16. октомври во Домот на културата „Иван Мазов Климе“во Кавадарци официјално започнува манифестацијата „Кавадаречка културна есен 20015“ со со настанот „Распеана чршија“ на кој ќе учествуваат повеќе македонски фолклорни ансамбли, а истата вечер ќе биде отворена и изложба на фотографии под наслов „Кокино“. На отворањето на манифестацијата ќе и претходи ексклузивниот концерт на врвните македонски музичари Страшо Темков флејта и Марија Вршкова пијано под наслов „Боите на звукот“ .

 

Во вторник на 20. октомври е предвиудена премиерата на претставата „Женидба“ од Гогољ во режија на Драгн Вељановски а во изведба на театарот при Домот на културата „Иван Мазов Климе“. Наредниот ден во среда 21. октомври во Галеријата на Домот на културата ќе се промовира новиот поетски алманах на Здружението на писатели „Тиквешки цветови“ од Кавадарци во кој ќе бидат поместени песни од 17 автори.Наредната седмица ќе биде и во знакот на фестивалот Новиот германски филм кој во кавадарци ќе се случува од 27 до 29. октомври.

 

М.М



Share

Додади коментар