Во СДСМ сè уште не е постигнат договор за усогласување на кандидатурите за претседател на партијата. Неофицијално дознаваме дека ниту еден кандидат не прифаќа да се откаже од кандидатурата, што придонело преговорите да се одвиваат многу потешко, јави Алсат М.
Инаку, одлуката за избирање на заеднички кандидат, како противкандидат на Кире Наумов, беше донесена мината недела на состанокот на Централниот одбор на СДСМ. Крајниот рок за официјализирање на кандидатурите треба да истече вечерва. Од утре треба да започне промовирањето на кампањата на кандидатите.
Не се исклучува можноста, доколку тројцата апострофирани кандидати: Заев, Ивановски и Јовановски не постигнат некаков договор до вечерва, рокот да се одложи до четврток, за кога е закажан и следниот состанок на Централниот одбор на СДСМ.
Додади коментар