Нападнат кавадарчанец во својот дом

Триесет и осум годишен кавадарчанец вчера попладне бил повреден во својот дом од 20 годишен свој сограѓанин. Најпрво меѓу нив имало вербална расправија, за да подоцна У.С му нанесе убодна рана од остар предмет.

 

Од полицијата информираат дека расправијата била поради паричен долг.

 

„На 15.07.2019 во 16.50 часот во Полициската станица Кавадарци, И.А.(38) од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 16.30 часот во неговиот дом дошол У.С.(20) од Кавадарци и започнал расправија со него во врска со паричен долг. Според пријавеното, И.А. со остар предмет на У.С. му нанел убодна рана. На У.С. му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци.“информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. И.А. бил задржан во Полициската станица Кавадарци и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.          А.Д



Share

Додади коментар