МВР: 106 санкционирани возачи на подрачје на Кавадарци и Неготино

Викендов  во периодот од 12.30 до 17.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Кавадарци и Неготино за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

При контролата санкционирани се 106 возачи, од кои 25 за возење без возачка дозвола, 7 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 11 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 4 возачи под дејство на алкохол, одземен еден моторцикл, како и други прекршоци - информираат од МВР.

 

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел  заеднички  придонес за побезбедни патишта. 

 

 



Share

Додади коментар