Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството врз него во полиција го пријавил таткото на ученикот, а полицијата привела три лица.
„ Вчера во Полициската станица Кавадарци полициски службеници ги привеле А.М.(18) од с.Негорци и двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години од гевгелиско, односно , дојранско, во присуство на нивните родители, поради основано сомнение дека на 13.11.2019 околу 22.00 часот извршиле насилство врз малолетник од Негорци, кој бил нивни цимер во интернат. Случајот во Полициската станица Кавадарци на 14.11.2019 во 19.30.часот го пријавил, татко на малолетникот“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
А.Д
Додади коментар