Кошаркарите на „Фени индустри“ конечно победија, иако би рекле онака малку на сила, малку со помош на фортуната.
Во саботата во Кавадарци гостуваше екипата на Куманово, која беше осоколена од пласманот во финалето на БИБЛ лигата. Кавадаречките кошаркари беа под императивот да ја прекинат серијата од пет порази.
Привте три периоди им припаднаа на гостите, кои во последните 10 минути влегоа со предност од 12 поени, 51:63. Но, дури тогаш кавадарчани почнаа да играат и да ја топат предноста на противникот.
На крај успеаја да се изборат за продолженија, бидејќи во регуларниот дел средбата заврши со 83:83.
Во дополнителните 5 минути кавадарчани беа поубедливи, повеќе ја посакуваа победата, иако противникот во последните секунди успеа да ја искомпликува ситуацијата и стигна до 99:98. Но, фортуната беше на страна на кавадарчани, па по техничката и исклучувачката грешка за тренерот на кумановчани, капитенот Николовски, со две прецизни слободни ги постави конечните 101:98.
Во големото дерби МЗТ како гостин по продолженија го победи тимот на Карпош Соколи, а Работнички како домаќин успеа да го добие минимално тимот на Кожув со 68:67. Сега МЗТ е единствена непоразена екипа на чело на табелата со 8 бодови.
М.В
Додади коментар