Вистинска драма се случувала вчера во близина на комбинатот „Фени“. Како што информираат од полицијата дваесет и три годишниот прилепчанец Д.Р дваесетина минути се борел со водата во каналот за наводнување, со цел да го спаси својот 59 годишен колега Л.М. од Неготино.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски го потврди настанот и нагласи дека двајцата работници биле вработени во „Гранит“.
„ Работниците биле ангажирани на трасирање на гасоводот во атарот на селото Шивец, во близина на топилница „Фени индустри“, при што Л.М. паднал во водите на отворениот канал за наводнување и почнал да се дави. Во водите скокнал Д.Р. за да го спаси и по дваесетминутна борба со водата двајцата успеале да излезат од каналот. И двајцата работници биле однесени на преглед во кавадаречката болница“ рече Додевски.
Л.М. бил донесен во тешка општа состојба и по укажаната медицинска помош бил задржан на лекување, додека по извршениот лекарски преглед, Д.Р. бил пуштен на домашно лекување.
Додади коментар