Во рамки на културната есен синоќа пред кавадаречката публика со вечерен концерт настапи Кавртетот Анимус. На публиката и понуди програма со дела на Брукс, Лист, Хумел,Итуралде. Билјана Петровска пијано, Петар Колевски клавир,Милена Тодоровска на виолина и Дејан Теодосиевски на виолончало е квартетот Анимус формиран пред се поради желбата на музичарите кои се негови членови за интерпретација на популарни композиции и мелодии.Репертоарот на Анимус содржи класични композиции, танго, чардаши обработки на македонски фолклорни песни и на фолклорни песни од други народи.
Квартетот настапува по посебно изготвен аранжман и досега има оставрено повеќе настапи како низ Македонија така и надвор од неа. Пианото на квартетот Билјана Петровкса припаѓа на генерацијата на македонски уметници пијанисти кои активно творат.Активен член е на повеќе камерни состави, а работи како професор по пиано придружба во ДМБУ Илија Николовски Луј во Скопје. Милена Тодоровска виолината на квартетот моментално работи како професор по виолина исто во Илија Николовски Луј. И таа како и нејзината колешка е дел од повеќе состави и личност со освоени неколку награди и признанија.Петар Колевски кларинет сах на Анимус припаѓа на генерацијата млади кларинетисти кои со својата успешна интерпретациска дејност придонесува за развој и подем на овој инструмент.Активен член е на повеќе камерни состави со кој бележи многубројни настапи.
Последниот од кавартетот е Дејан Теодосиевски на виолончало. И тој како и неговите колеги е доста активен во повеќе состави, успешен во работата и дел од албумите на неколку македонски состави. Инаку квартетот Анимус оваа сезона подготвува неколку концертни настапи. Првиот од нив синоќа имаа привилегија да го следат кавадарчани, а следниот е во Скопје во среда.
М.М
Додади коментар