Кавадарчанец одгледувал марихуана

На 21 април годинава од страна на полициски службеници од ПС Кавадарци, по налог на Основен суд Велес извршен е претрес во дом и други простории на 28 годишен жител на Кавадарци, при што се пронајдени 33 корени кои наликуваат на марихуана. Растението било засадено во 6 саксии и се претпоставува дека растението е старо од две недели до месеципол.

 

При претресот пронајдени биле и 6 шишиња во кои имало насадено растение што наликува исто така на марихуана. Истите со потврда се одземени и доставени на вештачење во крим лабораторијата на МВР.

 

По добиените анализи, ќе следува соодветен поднесок. Случајот за КТВ го потврдува и портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

М.М



Share

Додади коментар