Кавадарци ќе биде домаќин на Балканско првенство во џудо
31-07-2018 СПОРТ
Балканското првенство за сениори во џудо на 31 август, 1 и 2 септември ќе се одржи во Кавадарци, информираа денеска од џудо клубот Кожувчанка.
Како организатор се јавува Македонската џудо федерација, а џудо клубот Кожувчанка е технички организатор.
Кавадарци во својата историја по трет пат ќе се запише како домаќин на ова балканско натпреварување. А.Д

Додади коментар