Зимските обредни игри сврзани со Василица – Нова година по стариот календар во древниот џоломарски обичај во кавадаречките села Ресава и Бегниште цели пет години беа предизвик за ликовните уметници кои се занимаваат со уметничка фотографија Сашко Илов – Дете и Цветанка Темкова Илова од Кавадарци и од минатата година за фотографот Тоше Огњанов од Скопје. Она што тие успеале како момент да го заробат во своите фотографии добро осмислено и спакувано во една етнолошка изложба двајцата етнолози од Музеј Галеријата од Кавадарци Кети Ванчева и Томе Крстевски имавме можност да го видиме синоќа на отворањето на првата од ваков вид изложба во Кавадарци . Тие како автори на изложбата говореа за долгата традиција на негување на овој пагански обичај од страна на жителите на селата Ресава и Бегниште.
Целата изложба беше добро осмислена со настап на хумористот Илија Неделков Ограјски кој читаше стихови за џоломарите а како круна на целото случување беше присуството на вистински џоломари на изложбата младата невеста како симбол на новата година што доаѓа и старата година што заминува . Атмосферата покрај звукот на големите клопотарци беше збогатена и со василичарска трпеза.
Мирјана Мукаетова
Додади коментар