Претседателскиот кандаидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов попладнево ја побара подршката за нов мандат од граѓаните на Неготино. Им вети до крајот на годината 10 илјади нови работни места, нови странски инвестиции, подршка за земјоделството.
„ Каде и да одам во светот со мене секогаш носам македонско вино,особено вранецот во кој е сета моќ на Повардарието,каде има триста денови сонце,произведено со пот и мака. Македонските производи се надалеку барани,ќе работиме на нивно брендирање и заштита,за светот да знае дека ние даваме квалитетни производи. Планирана е реконструкија на железничката линија од Ногаевци до Неготино во должина од 30 км,која ќе обезбеди услови за нови работни места“ рече Иванов и се осврна на досега сработеното. Ги нагласи визната либерализација, позитивните изештаи и препораките за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а гасификацијата,нагласи , е капитален проект кој веќе се реализира.
„ Во Неготино ќе се вкрстат првата и втората делница на гасоводот. Клечовце-Штип-Неготино и Неготино-Прилеп-Битола. Гасификацијата на Македонија ќе значи поевтина енергија, пониски цени на македонските производи, повеќе можности за развој на македонската економија и производство. Гасификацијата ќе ги зголеми шансите за нови инвестиции и за нови работни места во Неготино.“ им кажа на неготинци претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нема да дозволел обезличување на македонските граѓани, промена на уставот и уствното име на државата, а активно ќе се залагал за интегрирање на земјата во Европската Унија и НАТО.
„ Денес повторно сум меѓу вас и со чист образ. Да продолжиме со иста посветеност, чесност и искреност да работиме за Македонија. На Македонија и се потребни одговорни лидери, кои го исполнуваат дадениот збор. Затоа излегуваме пред вас со програми, но и со отчети. Еден од главните столбови на мојата програма е поддршка на институциите, општините и стопанството за создавање нови работни места. Ќе ги поддржувам иницијативите и проектите за вработување на младите и самовработување. Над 1000 лица од Неготино до сега учествувале во активните мерки за вработување и подготовка за вработување. Каде и да одам, ќе продолжам да работам на привлекување странски инвестиции во Македонија. “ рече Иванов.
А.Д
Додади коментар