Утре среда 1 август со почеток од 20.30 часот, во Салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци“ ќе се одржи целовечерен концерт на големите музичари со потекло од Кавадарци. Публиката ќе има можност да ужива во изведбата на Страшо Темков на флејта и Миле Каровски на класична гитара.Од домот на културата велат дека концертот се одржува по повод големиот национален празник Илинден.
Страшо Темков, најдобриот македонски флејтист е професор на Факултетот за музички уметности во Скопје. Негова заслуга се голем број успешни генерации на флејтисти и е начаен музичар кој настапувал на стотици концерти низ Македонија и странство.
Миле Каровски е класичен гитарист, извонреден музичар со десетици концерти низ Македонија и странство, кој во последно време е посветен на младите таленти и успешно го прави тоа преку неговата Школа за класична гитара.
Спојот на овие двајца музичари, кои пред домашната публика ќе музицираат во чест на Македонскиот Илинден е настан кој без да се коментира вреди да се ужива. Влезот за концертот е бесплатен, што значи слободно може да ужива публиката која знае како квалитетно да го потроши своето слободно време.
М.М
Додади коментар