Во тешка сообраќајна несреќа утринава во 3.30 часот животот го загуби дваесет и четири годишниот С.Ј од Неготино. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека несреќата се случила на автопатот Неготино-Гевгелија кај место викано Арсова лака.
„Во незгодата учествувале патнички автомобил марка “сеат леон” со неготински регистарски ознаки управуван од 24 годишниот С.Ј од Неготино и патнички автомобил “мерцедес” со скопска регистрација, управуван од 65 годишниот Ѓ.Ч од Скопје“ информира Додевски.
С.Ј починал на лице место, а возачот на мерцедесот со тешки телесни повреди бил префрлен во Општа болница Кавадарци.
Синоќа во неготинско се случила уште една сообраќајна несреќа. Околу 20.30 часот патнички автомобил со швајцарски регистарски таблици во близина на селото Криволак излетал од патот. Возачот, 35 годишниот М.М од Криволак се здобил со телесни повреди. Повреден бил и еден од двајцата сопатници во возилото. По извршениот преглед во болницата во Кавадарци и двајцата повредени биле пуштени на домашно лекување.
A.Д
Додади коментар