Заврши „Кавадаречка културна есен“
06-12-2013 КУЛТУРА

Синоќа и официјално беше затворена културната есен во Кавадарци. На свеченоста и претстоеја два добро одбрани културни настани, а со целата манифестација гордо се носеа локалната самоуправа и културните институции од градот кој во изминатите шеесетина дена успеаја успешно да ги организираат и реализираат над 35 културни настани, од областа на театарот, ликовната уметност, музиката, творештвото.Домаќин на завршната манифестација беше домот на културата Иван Мазов Климе.

 

Ова што вечерва го затвараме е само една формалност, но јас ќе го искористам за најава дека за публиката во Кавадарци ќе има и богата културна зима, рече пред присутните градоначалникот Александар Панов. Панов говореше за реализираното во целата манифестација, воопшто развојот на културата во Кавадарци.Успесите на трите културни институции Музеј Галеријата, Библиотеката Феткин и Домот на културата, но ги најави и покрупните зафати на културно поле планирани токму за овие институции.

 

Манифестацијата кавадаречка културна есен е во организација на градоначалникот и советот на Кавадарци со подршка на Министерството за култура и културните институции од градот.

 

M.M



Share

Додади коментар