Заврши конзервацијата и реставрацијата на мозаикот во старата епископска базилика во археолошкиот локалитет Стоби
25-02-2015 КУЛТУРА

Мозаикот што го красел подот во најстарата ранохристијанска црква во македонија е повторно вратен на своето место. Заврши конзервацијата и реставрацијата на мозаикот во старата епископска базилика во археолошкиот локалитет Стоби. Во следниот период на ѕидовите ќе се постават и конзервираните фрески..

Освен уметничките квалитети, мозаикот открива и значајни научни податоци велат од националната установа стоби.

За прв пат во Македонија но и  регионот, мозаикот е заштитен од влијанието на атмосферската влага.. Поставен е на метална основа..

Мозаиокот во епископската базилика има површина од 150 метри квадратни.При конзервацијата е поделен на 72 дела а целиот процес траел 20 години..  

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар