Од СВР Велес потврдија дека во 13.20 часот граѓанин пријавил сомнителен млад човек кој лежи во безсознание во патнички моторен автомобил на улицата “Шишка” во Кавадарци, близу кавадаречката општа болница.
-Полицијата излезе на лице место, истовремено повикана е и кавадаречката итна медицинска помош со која лицето било пренесено во болницата. Лицето било неконтактибилно. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на лицето и околностите во кои паднало во безсознание-рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Од Службата за итна медицинска помош во Кавадарци исто така го потврдија случајот и според првичните сознанија рекоа дека најверојатно се работи за регистриран наркозависник кој најверојатно се предозирал.
С.Д
Додади коментар