Жител на Марена повреден по пад во дупка

 

Средовечен кавадарчанец синоќа околу 22 часот паднал во дупка во кавадаречкото село Марена, а поради тешка скршеница, утринава бил препратен на оперативно лекување во Скопје. Ова го потврди хирургот Дано Кулев од Општа болница Кавадарци.

 

   -Се работи за тешка скршеница на лева натколеница со изместување. Пациентот беше видно вознемирен. Тој доби соодветен медицински третман во болницата. Му направивме рентген и лабораториски испитувања. Беше стабилизиран, имобилизиран и со инфузиона терапија. Утринава го препративме на операција во Клиниката за трауматологија во Скопје, појасни Кулев.

 

   Дознаваме дека по паѓањето на кавадарчанецот во поголемата дупка, на лице место биле повикани противпожарната и итната медицинска помош, кои помогнале да биде изваден повредениот човек.

 

С.Д



Share

Додади коментар