Едно лице од Белград загина во сообраќајка кај Неготино

Утрово во 05,20час. на автопатот А1 Неготино- Демир Капија, во близина на хотел „Парк“ , се случи сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка "Daewoo“ со српски регистерски ознаки удира лево во заштитна еластична ограда од автопатот и се префрла на другиот коловоз (автопатот А1 правец Демир Капија-Неготино), информираше портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковка.

Едно лице го загуби животот, а четири се повредени во оваа сообраќајка.

Според информациите  возилото го управувала 41 годишната И.В  која  изгубила контрола над возилото. Нејзиниот сопруг Љ.В на возраст од 55 години  седел на местото на совозачот, загинал на лице место, а таа се здоби со тешки повреди.

Трите малолетни деца на возраст од 10, 8 и бебе старо година дена се полесно повредени во несреќата. Повредените патници бра префрлени и згрижени во болницата во Велес.

Во времето од 05,20-08,30час. на правецот Неготино-Демир Капија сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента, а подоцна беше нормализиран.

A.Д



Share

Додади коментар