Државен инспекторат за труд: 24 април и 8 мај се неработни денови

Државниот инспекторат за труд им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година, деновите 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија .

 

 

Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

 


За наведените денови Државниот инспекторат за труд ќе воведе дежурства и преку државните инспектори на труд  ќе  контролира дали Заклучокот на Владата се почитува  од страна на работодавачите. 



Share

Додади коментар