КАВАДАРЧАНИ СИНОЌА ГИ ПРОГЛАСИЈА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ,СПОРТСКИ КОЛЕКТИВИ И СПОРТСКИ РАБОТНИЦИ ЗА 2023.
Синоќа во кино салата при домот на културата Иван Мазов Климе се одржа манифестацијата „Избираме спортист на годината за 2023„. Клубовите претходно доставија до Сојузот на спортови на град Кавадарци свои предлози за поединечните и екипнии достигнувања. На синоќнешната манифестација беа доделени награди во неколку категрии: таленти, јуниори и сениори.
Беа доделени и специјални благодарници на Ангела Мегленова, Дијана Ѓорева и Елена Димова членки на ЖКК Јасмин за перспективни и потенцијални репрезентативки во М14 селекцијата, на Мики Лазов од ГРК Тиквеш кој со кадетската репрезентација годинава ке биде дел од ЕП во Црна Гора, на Славчо Шулески од ГРК Тиквеш кој исто така постигна голем успех со младинската репрезентација, на д-р Бошко Илиев за заслуги во спортската медицина и на Атанас Ризов кој 10 години успешно јас обавува функцијата комесар за безбедност во ГФК Тиквеш.
Плакета за посебен придонес за подршка на спортот во Кавадарци ја доби градоначалникот Митко Јанчев, плакета за успех на годината доби Изабела Зајков од клубот за БЏЏ за сребрениот медал од европското првенство во Турција, Ѓорѓи БЕлевски кој беше дел од една експедиција на Хималаите доби плакета за подвиг на годината, спортска гордост е ОСУС а плакета за спортска подршка, хуманост и очувување на традициите доби навивачката група Лозари. Душко Стефанов доби плакета за спортски модератор и аниматор.
Мики Виденовиќ кој слави 30 год спортско новинарство ја доби наградата за најдобар спортски новинар, Ратко Мицев од ГРК Тиквеш како најдобар спортски работник. Најдобар спортски колектив е ГРК Тиквеш кој беше дел од ракометна Европа, најдобар тренер е Марија Димитриовска од клубот за БЏЏ при центарот за боречки вештини Будо.
Најдобар млад спортист е Данка Стојкова од КК Сансаи Метал Апостолов која е медитерански шампион. А спортист на годината втора година по ред е членот на центарот за боречки вештини Будо - Дарко Димитриев, кој е и кик боксер , настапува и во БЏЏ иво ММА а и трча маратони.
М.В.
Додади коментар